Барселона е последниот клуб кој пројавува интерес за Кристофер Нкунку од Челси, офанзивниот фудбалер привлекува големо внимание и покрај тоа што прикажа премалку во двете сезони поминат на Стемфорд Бриџ.
Кристофер Нкунку е на мета на неколку европски гиганти, последниот клуб кој пројавува интерес е Барселона.
„Каталонците“ се во потрага на засилување за левата крилна позиција, и откако не успеаја во намерата да го ангажираат Нико Вилијамс, се насочија кон други опции.
Луис Диаз од Ливерпул се чини е недостижна цел, Маркус Рашфод од Манчестер јунајтед се посочуваше како најреалното сценарио, но последните информации велат дека Барса опипува терен и за ангажман на Кристофер Нкунку во случај да пропаднат преговорите за Англичанецот.
Французинот пред две години се пресели во Челси во зделка вредна околу 60 милиони, прикажа премалку на Стемфорд Бриџ. Сепак и покрај тоа е ценет поради сестраноста и можноста да одигра на неколку позиции во нападот.
Ова лето тој веќе се поврзуваше со Манчестер јунајтед, Баерн Минхен и Барселона.