И АЗ Алкмар убаво ќе се офајди од трансфеот на Копмајнерс во Јувентус

by bojan
1 минути читање
Копмајнерс

Клубот од Холандија трие раце по трансферот на Теун Копмајнерс во Јувентус, им следи исплата помеѓу 6,25 и 10 милиони евра.

По долги преговори, Јувентус синоќа го промовираше Теун Копмајнерс како ного засилување, во зделка вредна околу 51,3 милиони евра, плус додатни 6 милиони евра во бонуси.

Од трансферот убаво ќе се офајди и АЗ Алкмар, клубот од Холандија вметнал клаузула според која им следи помеѓу 10 и 20% од профиотот што ќе го направи Аталанта.

„Црно-сините“ од Бергамо инвестираа 14 милиони евра во ангажман на фудбалерот, фиксниот дел сега е 51,3 милиони евра, па АЗ Алкмар ќе добие помеѓу 3,7 и 7,5 милиони евра.

Со оглед на тоа дека Теун Компајнерс е пдродукт на школата на АЗ Алкмар, клубот ќе ги добие и сите 5% од транфсерот наменет за солидарни исплати, или во случајов нешто над 2,5 милиони евра.

Со вакви суми, АЗ Алкмар ќе инкасира помеѓу 6,25 и 10 милиони евра од трансферот на Теун Копмајнерс во Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани