И агентот на Нејмар моли неговиот клиент да оди на Светско!

by riste
1 минути читање

Нејмар со неколку добри партии пред почетокот на Светското првенство сака да влезе на списокот на Карло Анчелоти, а притисоците за повик доаѓаат од сите страни.

Анчелоти создаде тим во бразилската репрезентација кој почна да функционира, Италијанецот знае дека додавање на ѕвезда со големо его може да биде проблем за атмосферата.

Италијанецот засега одолева на притисокот и не го викна Нејмар за престојните натпревари иако не ја исклучи можноста дека може да го повика за Светско.

Последен кој се јави за збор е агентот на Нејмар, Пини Захави кој побара неговиот клиент да биде повикан за Мундијалот.

„Имам голема почит за Карло Анчелоти исто така знам колку напорно Нејмар работи за да му помогне на Бразил на Светското првенство. Верувам дека Анчелоти нема да ја направи оваа грешка да се откаже од срцето на Бразил, кое е Нејмар“, рече Пини Захави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×