80
Чилеанецот се
најде во центарот на вниманието во финишот од дуелот помеѓу Арсенал и Лестер, иако беше удрен со топка во рамото, но тој се фати за лице и падна на
тревата.
Срамната глума
Алексис Санчез потоа проба да ја оправда на социјалните мрежи, и по крајот на
средбата на Инстаграм покажа исекотина на усната, и како држи мраз во пределот
на устата.
Можеби малку
задоцни со одговорот, но Роберт Хут фантастично го „истрола“ Алексис Санчез на
Твитер.
Дефанзивецот на „Лисиците“, кој беше трагичар и си постигна автогол, објави слика со мала исекотина на прстот и напиша: „Се
опоравив од битката со Арсенал од пред некоја вечер”.