Големата надеж на
македонскиот фудбал синоќа имаше импресивно издание против Бенфика во реванш
пресметката од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, Фенербахче
одигра само 1-1 пред своја публика, а по минималниот пораз на гости во првиот
дуел, турскиот гигант доживеа елиминација, па така продолжува во плејофот од
квалификациите за Лига Европа.
Каков проектил на Елмас од 30.метри, малку фалеше да постигне прекрасен гол (ВИДЕО)
Елмас синоќа ги
одигра сите 90 минути од пресметката на Шукру Сарачоглу арената во Истанбул,
можеше да се прослави со еден спектакуларен гол од речиси 30 метри, но голманот
на португалската екипа со крајни напори спречи мајсторија на Македонецот кој
добива пофалби на своја адреса од турските медиуми.
Во денешното издание на „Хуријет“, Угур Мелеке во својата анализа за реваншот, најпрво
истата ја наслови „Еден Дијамант наспроти рудари на Дијаманти“, мислејќи на
нашиот Елмас, чие име на турски значи Дијамант, а потоа следеа и големи пофалби
за нашиот 18 годишен репрезентативец.
„Фудбалерот со
најголемо влијание на теренот беше Елиф Елмас. Веќе почнува да ми наликува во
играта на Наби Кеита. Фенербахче својата игра ќе ја гради околу него, доколку
сака нешто да стори во Европа оваа сезона“ пишува во анализата.
