184
33-годишниот фудбалер го заврши престојот во Шалке каде одигра 240 натпревари и постигна 126 гола и се врати во својот Ајакс.
Хунтелар од 2006 до 2009 го носеше дресот на Ајакс за кој има постигнато 102 гола.
„Не е тајна дека Ајакс е мојот клуб. Многу сум среќен што се враќам тука“ – вели Хунтелар.
„Освојував купови со Ајакс но не лига титула. Целта е да го имаме тој трофеј на крајот од следната сезона“.
Хунтелар играше и за Реал Мадрид и Милан но не се прослави.