Хумелс прави шокантен трансфер и се сели во ривал на Борусија Дортмунд од Бундеслигата?!

by bojan
1 минути читање
Хумелс

Како што пренесува Кикер, Матс Хумелс би можел да се пресели во Баер Леверкузен како замена за Џонатан Та, кој е мета на Баерн Минхен.

Матс Хумелс во финишот од минатата сезона влезе во војна со тренерот Един Терзиќ, од која никој не излезе како победник, двајцата ја напуштија Борусија Дортмунд.

Па дефанзивецот сега е во потрага на нов клуб, и како што пренесува Кикер, би можел да направи шокантен трансфер.

Матс Хумелс се поврзува со преселба во новиот шампион Баер Леверкузен, како замена за Џонатан Та, кој е мета на Баерн Минхен.

Претходно се пишуваше дека Матс Хумелс би можел да ја продолжи кариерата во Мајорка, а интерес има и од клубови од МЛС и Саудиска Арабија.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани