Хумелс ја доби војната во соблекувалната, Терзиќ си поднесе оставка и повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд

by bojan
2 минути читање
Терзиќ

Клубот од „Сигнал Идуна Парк“ попладнево соопшти дека тренерот Един Терзиќ си поднел оставка и го напушта кормилото на првиот тим на Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ ќе добијат нов тренер, Еден Терзиќ побарал да му биде раскинат договорот а раководството на клубот му излегло во пресрет и му дозволиле да замине.

„Навистина болно е да им го кажам ова на „црно-жолтите“ навивачи, но денеска се разделувам со Борусија Дортмунд. Ми беше огромна чест да го освојам Купот на Германија со Борусија Дортмунд и да го предводам овој фантастичен клуб до финале во Лигата на шампиони. По натпреварот на Вембли, побарав средба со раководството и ги известив дека треба да биде започната нова ера со нов човек покрај аут линијата. Сите кои ме познаваат знаат дека донесов тешка одлука. И посакувам се најдобро на Борусија Дортмунд, и ова не е збогување – ќе се видиме наскоро“ – порача Един Терзиќ.

Изминативе денови имаше многу написи за војна во соблекувалната и заладени односи помеѓу Матс Хумелс и Еден Терзиќ.

Искусниот дефанзивец во неколку наврати се замерил со тренерот, двајцата имале жестока расправија и пред финалето во Лигата на шампиони. Дури се шпекулираше дека Матс Хумелс поставил ултиматум, или тој ќе замине, или Еден Терзиќ ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Се чини дека Матс Хумелс е тој кој ја доби војната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани