1,5K
Пријателскиот натпревар меѓу Вардар и Црвена звезда кој утре ќе се игра на „Градски“ со почеток од 20 часот, ќе има и директен ТВ пренос.
Мечот во живо ќе биде емитуван на МТВ и на „Арена Премиум 3“ каналот.
Се очекува убава атмосфера со повеќе од 20.000 навивачи. Собраните средства од продажбата на билетите ќе биде целосно донирана за настраданите во големата трагедија во Кочани.