Порто е еден од малкуте
клубови кои имаат заработено стотици милиони евра од продажба на играчи кои
пристигнале како анонимус и потоа заминале за грдни пари. Рекордна продажба им
е онаа на Живанилдо Виеира де Соуза, или попознат како Хулк.
Бразилецот во
2012 година беше продаден на Зенит за 60 милиони евра (на сметката на Порто
легнаа 40 милиони евра). Негов поранешен соиграч сега раскажа интересна
приказна, Раул Меирелеш открива дека сите се чуделе како напаѓачот завршил во
Порто со оглед на тоа дека немал поим од фудбал и не знаел кај тера на првиот
тренинг.
„Имаше играчи на
кои им се восхитував поради она што го правеа на тренинзите, како на пример
Лисандро Лопез. Но имаше и играчи на кои се чудевме и се прашувавме, „Што бараат
тука?“. Таков беше случјаот со Хулк. Беше смешно, на првиот тренинг со Порто не
знаеше кај тера, немаше поим од фудбал. Ќе ја земеше топката, ќе се свртеше и
ќе шутнеше. Не знаеше ништо друго“ – вели Португалецот кој го носеше дресот на
„змејовите“ од 2004 до 2010.