Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез за прв пат се огласи откако му беше поништен гол од пенал против Реал Мадрид во Лигата на шампиони, вели дека правилата треба да бидат малку појасни.
Пеналот на Хулијан Алварез беше главна тема минатата недела по пресметката во која Реал Мадрид го елиминираше Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.
Голот на Аргентинецот беше поништен со ВАР поради двоен контакт при обидот да ја шутне топката.
По натпреварот помеѓу Уругвај и Аргентина утрово, напаѓачот за прв па се огласи по контроверзниот пенал.
„Го видов илјада пати. Секаде има најразлични видеа. Јас не почувствував контакт со топката“ – вели Хулијан Алварез.
„Ако имало двоен контакт, тогаш контактот бил толку минимален што дури и јас не можев да го исперцепирам. Но тоа е што е“.
„Сметам дека правилата треба да бидат појасни, бидејќи јас не се обидував да се стекнам со предност“.
„На пример, кога голманот ќе излезе напред и ќе одбрани пенал, пеналот се повторува. А јас не се обидов да се стекнам со никаква предност. Жално е што на крајот ми беше поништен голот“.