Росана Паз, асистент судијката од мечот помеѓу Маркесадо и Сан Мартин во аргентинската шеста
дивизија, била нападната од хулигани кои фрлиле врела вода над неа во финалните
мигови од тој натпревар.
На само две
минути пред истекот на регуларните 90 минути, хулиганите, инаку фанови на
домашната екипа ја принудиле Паз да го крене знаменцето, но, не поради офсајд,
туку поради тоа што побарала прекин на мечот.
„Ја почувствував
врелата вода на мене, го повикав главниот судија да донесе ладна вода за истата
да биде фрлена на мене, за да не добијам посериозни изгореници“ рече таа.
Иако постоела
можност да се прекине натпреварот, Паз додаде дека постигнале согласност истиот
да продолжи, но, веднаш по мечот таа била однесена во болница каде и биле
констатирани сериозни изгореници.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com и добиј до 100 ЕУР БОНУС на прв депозит, регистрирај се ТУКА.