Хујсен: Играчи на Барселона „ме провоцираат“, а јас им велам – се гледаме на Ел Класико!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид ова лето влезе во нова ера со Чаби Алонсо на клупата и неколку значајни засилувања, меѓу кои и младиот стопер Дин Хујсен.

Тој пристигна од Борнмут за 60 милиони евра и веднаш се избори за место во првиот тим, играјќи максимални 270 минути во првите три кола од Ла Лига. Хујсен брзо стана стандарден и во шпанската репрезентација, а по мечот со Бугарија откри дека на собирите често е во центарот на шеги.

Некои соиграчи велат дека е добро што го избрав Реал Мадрид, а играчите на Барселона ме задеваат за тоа, но ќе разговараме на Ел Класико“, прокоментира младиот дефанзивец кој пред неколку месеци официјално стана шпански репрезентативец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×