Хрватскиот третолигаш одново милионски продава, овојпат младинец во МЛС!

by 24 фудбал
1 минути читање

Шарлот се договори за ново засилување, откако според Фабрицио Романо клубот од МЛС ја договори аквизицијата на 18-годишниот офанзивен играч Родолфо Алоко од хрватскиот третолигаш Кустошија.

Вкупниот пакет на трансферот, заедно со бонуси, може да надмине 6 милиони долари. Алоко на почетокот на годинава пристигна во Кустошија од родниот клуб Абомеј во Бенин.

Младиот фудбалер беше цел на Брајтон и Олимпик Лион, но Шарлот успеа да го доведе и наскоро се очекува официјална потврда од американскиот клуб. Деталите од договорот не се објавени, но трансферот претставува уште едно вложување на клубот во млади таленти.

Кустошија стана позната по овие милионски продажби на млади фудбалери, откако продаде играчи и во Барселона и Лајпциг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×