За помалку од
половина час ќе проследиме една доста интересна пресметка помеѓу Хрватска и
Аргентина, за едните победа ќе значи осминафинале, за другите пораз ќе значи
битка до последниот здив, по потешкиот пат за прогрес.
Хрватска тргна со
победа од 2-0 против Нигерија, а Аргентина со реми од 1-1 против Исланд, па
сосема очекувано е и двете селекции да дадат максимум од себе вечерва, а тоа
најавува и добар меч за големите љубители на фудбалот.
Дел од хрватските
медиуми известуваат дека мечот во Нижњи е под посебни мерки на безбедност, а
причината било наводна дојава за прекин на мечот кој го планирале одредени
хрватски хулигани.
„За разлика од
мечот во Калинград, каде на влезовите имаше огромна контрола, во Нижњи нивото е
подигнато двојно повеќе“ пишува „24часа“.
„Добиле дојава
дека хрватски хулигани имаат намера да го прекинат мечот“ ги пренесува истиот медиум причините кои ги добиле од страна на дел од полициските службеници.
Извор:
24sata.hr