Динамо Загреб полека но
сигурно се враќа на врвот во хрватскиот фудбал, по едногодишна пауза хрватскиот
гигант е прв на табелата по 16 одиграни кола во тамошниот прволигашки
шампионат, и веќе има предност од цели 12 бода во однос на Хајдук и Осијек.
Најновата победа од 2-0
над Локомотива Загреб вчера не е тема низ медиумите во Хрватска, туку нешто
сосема друго.
Се шпекулира дека на
нашиот репрезентативец и член на Динамо Загреб, Аријан Адеми не му било јасно тоа што „преку ноќ“ станал капитен на тимот, познато е дека тој со Домагој
Антолиќ се големи пријатели, а Марио Цвитановиќ направи потег кој се чини дека
никој не го разбира во Хрватска.
„Нова глупост на
Цвитановиќ: Само во
Динамо не се знае кој е капитен, а ниту Адеми не му е јасно што се случи…“
пишува хрватското издание на специјализираниот фудбалски портал „Гол“ во својот
наслов.
„Аријан Адеми е еден од
лидерите во соблекувалната и вистинско решение за капитен на тимот, но Догамој
Антолиќ не заслужи преку ноќ да ја загуби капитенската лента, тоа никако…“
додава истиот медиум.
„Адеми секој ден
воодушевува се повеќе и повеќе во Максимир, никој не веруваше дека така ќе се
врати на фудбалските терени, токму тој е вистински пакет за капитен, секако, и
еден од вистинските лидери во соблекувалната. Но, постои начин и постои ред, а
Адеми своите пет минути беше подготвен да ги сочека“ пишува „Гол“.