Поранешниот хрватски репрезентативец, Иван Класниќ уште еднаш проговори за пеколот низ кој поминува и како му откажале бубрезите поради прекумерната употреба на лекови против болка.
Иван Класниќ беше една од ѕвездите на Вердер Бремен во историската сезона 2003/2004 кога беше освоена Бундеслигата и Купот на Германија.
Но авантурата во дресот на „зелено-белите“ ќе му го претвори животот во пекол, честата употреба на популарните „пејнкилерс“ ќе му ги оштети бубрезите, и Хрватот ќе направи три трансплантации.
„Целото богатство на овој свет нема да ми го врати здравјето. Имав три трансплантации, не знам уште колку долго ќе живеам…“ – вели Иван Класниќ во документарецот кој неодамна беше емитуван.
„Едноставно треба да бидам благодарен уште се уште сум жив, иако треба да земам лекови за да преживеам“.
Тој потоа додава: „Тешко е да не земата аналгетици кога сакате да се натпреварувате на највисоко ниво. Мислам дека ниту еден спортист не може да преживее без тие популарни „пејнкилерс“. Но доколку знаев дека ќе имам вакви сериозни проблеми, никогаш немаше да ги земам“.
„Секако дека сум бесен, не би му го посакал ова на никого“.
Иван Класниќ, кој секој ден оди на дијализа, го тужеше Вердер Бремен во 2008, тврдејќи дека лекарите не успеала навреме да дијагностицираат заболување на бубрезите, со што му го загрозиле долгорочното здравје.
Правната битка траеше 12 години, а во 2020 беше постигната спогодба – Хрватот доби отштета од околу 4,5 милиони евра, но очигледно парите не му значат многу денеска.