68
Групата Д
веројатно е најтешката, па откако Аргентина киксна со Исланд, Хрватска се
погрижи вечерва да стигне до цел плен кој драстично им ги зголемува шансите за
осминафинале.
Во динамично прво
полувреме но без многи прилики за гол, резултатот беше отворен во 32. минута кога несреќниот Етебо ја закачи топката по ударот на Манџукиќ, го промени правецот и ја затресе
сопствената мрежа.
Прашањето околку
победникот беше решено во 72. минута. Еконг непотребно го фаулираше Манџукиќ по
еден корнер, а Модриќ рутински погоди од белата точка за 2-0.