Хрватска подобро шутира пенали од Јапонија, „коцкестите“ одат во четвртфинале (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Хрватска оди далеку на уште еден Мундијал, тие денеска ја поминаа Јапонија и се пласираа во четвртфиналето.

Јапонија прва даде гол, во 43. минута Маеда реализираше за водство од 1-0.

По десет минути игра во второто полувреме, по центаршут на Ловрен, Перишиќ погоди со глава за 1-1.

Немаше нов погодок до 90. минута, па натпреварот отиде во две продолженија од по 15 минути. Но ниту во нив немаше погодок, пеналите го решаваа победникот.

Во пенал серијата Јапонија беше очајна, дадоа само еден гол од четири шута, погоди Асано, а промашија Минамино, Митома и Јошида. Хрватска спротивно на Јапонија, од четири шута три реализираа, а еднаш промашија. Погодија Влашиќ, Брозовиќ и Пашалиќ, примаши Ливаја.

Хрватска во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Бразил и Јужна Кореја.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани