Денот почнува од 11 часот со дуелот меѓу Хрватска и Мароко. Хрватите со пласманот во финалето на минатото Светско првенство ја подигнаа летвичката на очекувања од нив, па целите и на овој Мундијал се високи.
На ова Светско првенство, легендарниот Лука Модриќ ќе ги одигра последените натпревари во дресот на Хрватска.
Денот започнува и завршува со натпревар од оваа Ф група. Белгија и Канада играат од 20 часот. Ова е последна шанса за ѕвездената белгиска генерација која имаше голем потенцијал, но досега ништо впечатливо не направи на големите натпреварувања. Се очекува Лукаку да го пропушти денешниот дуел, се уште не е комплетно фит.
Од 14 часот е натпреварот меѓу Германија и Јапонија. Германците на ова Светско првенство не се вбројуваат во првите пет фаворити, но тоа е земја која секогаш знае да оди и до самиот крај. Првата пречка им е Јапонија и би било големо изненадување доколку Мундијалот не го почнат со победа. Ханси Флик нема да може да смета на Сане кој се уште се опоравува од повредата.
Во оваа Е група од 17 часот се игра натпреварот меѓу Шпанија и Костарика. Луис Енрике изненади многумина со неповикувањето на Серхио Рамос и Давид де Хеа, но Шпанците и без нив се едни од главните фаворити за трофејот.
Распоред:
11:00 Мароко – Хрватска
14:00 Германија – Јапонија
17:00 Шпанија – Костарика
20:00 Белгија – Канада
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.