Хрватска го доживеа највисокиот пораз во историјата! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Многу брзо по најголемиот успех во историјата, Хрватска го доживеа највисокиот пораз откако постои нивната фудбалска репрезентација, загубија на гостувањето кај Шпанија со 6-0.

Модриќ и соиграчите беа непрепознатливи, по три гола примија во двете полувремиња. Саул Нигез ја отвори серијата голови, а во првите 45 минути погоди и Асенсио, третиот гол беше дело на голманот Калиниќ

Во второто полувреме погодија и Родриго, Серхио Рамос и Иско кои ја комплетираа мизеријата на Хрватите.

Од лига А, денеска убедлива победа славеше и Белгија која со 3-0 победи на гостувањето кај Исланд.

Во лига Б, Босна и Херцеговина со 1-0 славеше над Австрија. Со истиот резултат во лига Ц Финска беше подобра од Естонија, а Унгарија со 2-1 ја совлада Грција.Во последната лига Д, Луксенбург со 3-0 победи на гостувањето кај Сан Марино, немаше голови на мечот меѓу Молдавија и Белорусија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×