Хрватот повторно е „во мода“ за нов тренер на Јувентус

by 24 фудбал
1 минути читање

Јувентус од следната сезона многу веројатно ќе има нов тренер, бидејќи челниците не се задоволни од работата на Тијаго Мота.

Младиот стратег не се покажа во Торино и речиси сигурно ќе добие отказ, иако беше дочекан со еуфорија. Веќе се споменуваа многу имиња за негов потенцијален наследник.

Сега повторно „во мода“ се врати Игор Тудор. Хрватот беше контактиран по поразот од Аталанта, ама наводно не прифатил да биде привремено решение.

Тудор еднаш беше дел од тренерскиот тим на Јувентус кога работеше со Андреа Пирло. Исто така тој играше за „старата дама“ од 1998 до 2007 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани