Хрватот кој блесна во Белгија за 25 милиони евра се сели во Бенфика

by 24 фудбал
1 минути читање

Фрањо Ивановиќ е на чекор до голем трансфер во Бенфика. Португалските медиуми јавуваат дека 21-годишниот хрватски напаѓач наскоро ќе пристигне во Лисабон за да ги заврши формалностите околу потпишување на договорот со „орлите“.

Ивановиќ зад себе има фантастична сезона во дресот на Ројал Унион, каде постигна 20 гола и запиша 8 асистенции на 44 натпревари, и тоа во својата прва година во Белгија, а претходно играше за Ријека.

Бенфика ќе плати 20 милиони евра, плус уште 5 во бонуси. Клучен за трансферот бил директниот повик од спортскиот директор Руи Кошта, кој го убедил напаѓачот во проектот на клубот.

Иако имаше подобри финансиски понуди од Премиер лигата, Ивановиќ се решил за Бенфика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×