1,2K
Репрезентацијата на Хрватска вечерва ќе ја дочека Франција на „Пољуд“ во рамките на четвртфиналето во Лигата на нациите.
Овој натпревар ќе се одигра без користење на технологијата за гол-линија. Причината за такво нешто е фактот дека во Хрватска не се користи, а репрезентацијата не сакаше да плати околу 250.000 евра за имплементација на оваа технологија.
Тоа значи дека Французите првпат по година и половина ќе одиграат меч на кој ќе нема технологија на гол-линија. Последен пат тоа беше случај на мечот со Грција во Атина.
Судиите ќе треба да се потпрат само на ВАР собата.