Стефан Ристовски
минатата седмица учествуваше во одличниот старт на нашата најдобра фудбалска
репрезентација во европските квалификации каде по два меча беа освоени четири
бода, особено беше важно ремито кај Словенија со 1-1.
Бекот од Спортинг
Лисабон сигурно му ги расипа плановите на неговиот поранешен тренер Матјаж Кек,
кој во моментов е селектор на Словенија, а соработуваа одлично во Ријека.
Хрватите го
потсетија Ристовски на едно негово ветување по освојувањето на двојната титула
со Ријека во најсилниот фудбалски шампионат на Хрватска, дека тој голем успех
ќе го одбележи со тетоважа, запрашан за тоа ветување, Македонецот одговори дека
нема доволно време за тоа, но полека и тоа ќе се случи.
„Јас немам време
ниту за промена на гаќите, а да не зборувам за тетовирање, но, полека, се’
ќе видите и ќе бидете изненадени“
рече Ристовски.
Извор: novlist.hr
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com и добиј до 100 ЕУР БОНУС на прв депозит, регистрирај се ТУКА.