Бугарските навивачи се во центарот на вниманието откако со расистички навреди удрија по англиските фудбалери. Мечот два пати беше прекинуван поради нив, а сите очекуваат УЕФА да ги казни ригорозно.
Христо Стоичков многу емотивно ја доживува целата ситуација, човекот кој му даде многу на бугарскиот фудбал се расплака во шпанска емисија порад примитивизмот на неговите сограѓани кои го виде целиот свет.
„Ми доаѓаат солзи од сето ова. Треба да се избркаат таквите луѓе од стадион. Или уште поригорозни мерки да се воведат, како во Англија пред многу години, пет годишна забрана за натпревари и репрезентации и клубови. Треба да научат еднаш засекогаш. Не заслужуваат да има фудбал. Мислите јас убаво се чувствувам“, изјави Стоичков.