422
Брера Струмица промовира ново засилување за втората полусезона во Првата македонска фудбалска лига.
Нов фудбалер на струмичани е Христијан Јанкуловски кој пристигна од редовите на Воска Спорт. Во таборот на охриѓани овој дефанзивец настапуваше една година, а претходно беше дел од Стирлинг Македонија, кој е клуб на македонски ентузијасти во Австралија.
Јанкулоски има 23 години и игра како стопер, а сезонава забележа само еден настап во ПМФЛ за Воска. Тој веќе се стави на располагање на тренерот Тони Атанасов.