Без победник мина дербито на „Стенфорд Бриџ“ каде Челси и Арсенал одиграа 1-1 во меч исполнет со интензитет и драматични моменти.
Челси ја контролираше играта во првите 45 минути и создаде повеќе опасни ситуации, но во 38 минута домаќините се најдоа во голем проблем. Каиседо влезе во остар дуел по кој Ентони Тејлор без двоумење го исклучи со директен црвен картон. Така Челси уште пред паузата остана со играч помалку.
Иако во подредена положба, „сините“ одлично го отворија второто полувреме. По корнерот на Рис Џејмс најдобро се снајде Чалоба кој со прецизен удар со глава донесе водство за домаќините. Арсенал успеа да се врати во 59 минута. Сака одлично и му асистираше на Микел Мерино кој рутински ја затресе мрежата и го постави конечниот резултат.
Во финишот двете екипи имаа по уште една добра можност, но немаше нов гол. Челси и Арсенал на крај се задоволија со по еден бод од дербито.