Како што пренесува Спорт, фудбалерот на Манчестер Сити, Калвин Филипс се понудил на Барселона, смета дека стилот на игра на „каталонците“ ќе му легне перфектно.
Летото во 2022, Калвин Филипс се пресели во Манчестер Сити, Пеп Гвардиола реши да инвестира околу 45 милиони фунти во фудбалерот од средниот ред откако тој сериозно се наметна во првиот тим на Англија.
Сепак, овој трансфер се покажа како големо промашување, Калвин Филипс никако не успеваше да се избори за место во стартниот состав на „граѓаните“.
Во јануари оваа година, Англичанецот беше испратен на позајмица во Вест Хем во потрага на поголема минутажа, но и таму дремеше на клупа откако направи серија скапи грешки.
Но и покрај тоа што кариерата му е во пад, самодовербата му е на прилично високо ниво, па како што пренесува Спорт, Калвин Филипс се понудил на Барселона.
Тој смета дека стилот на игра на „каталонците“ ќе му легне перфектно и ќе може да го прикаже најдоброто од себе.