Хотел во Англија има поглед на теренот на стадионот, но ако гледаат, гостите ќе бидат казнети (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Хотел сместен во рамките на стадионот на англискиот клуб Блекпул воведе ригорозни правила за своите гости, предвидувајќи и високи парични казни, кои достигнуваат и до 3.000 евра, доколку за време на натпреварите се обидат да го следат мечот преку прозорците од своите соби, пренесува „Телеграф“.

Според објавените информации, на официјалната веб-страница на хотелот јасно е наведено дека гостите кои престојуваат во ексклузивните соби со директен поглед кон теренот се обврзани да ги спуштат завесите најмалку 90 минути пред почетокот на секој домашен натпревар и да ги држат затворени во текот на целото траење на дуелот.

Овие ограничувања важат и покрај тоа што цените за ноќевање на деновите кога Блекпул игра на домашен терен значително се зголемуваат, па достигнуваат и до 160 евра за ноќ, и тоа во простории кои во минатото служеле како ВИП-ложи.

Новинар на „Телеграф“, кој неодамна бил гостин во хотелот за време на натпреварот меѓу Блекпул и Брадфорд, открива дека при пријавувањето не добил информација за оваа обврска, иако морал да ги затвори завесите повеќе од еден час пред стартот на мечот.

„Ние како хотел директно не надгледуваме, но завесите мора да бидат спуштени. Наводно, доколку ве затекнат, може да следува казна од околу 3.000 евра“, бил предупреден од вработен на рецепција.

Од хотелот се повикуваат на Законот за спортски настани од 1985 година, кој забранува консумирање алкохол на места од кои има директен поглед кон теренот за време на натпреварите во првите пет ранга од англискиот фудбал.

Токму поради ова, хотелските соби со поглед кон теренот, каде што гостите потенцијално би можеле да консумираат алкохол, може да се третираат како прекршување на законот, што во краен случај може да резултира со прекршочна пријава и казна од трет степен случајот заврши пред суд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×