Хорор повреда на фудбалер на Манчестер јунајтед, докторите му го спасуваа животот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Средбата од англискиот куп за фудбалери до 21 година помеѓу Манчестер јунајтед и Тамворт вчера беше прекината откако младиот Секу Коне се здоби со страшна повреда.

Имено, Коне по еден воздушен дуел со противнички фудбалер доби удар во главата по што изгуби свест и остана да лежи на тревата. Без свест, Коне бил цели 15 минути и докторите се бореле за неговиот живот.

Инцидентот се случил на почетокот од втоото полувреме кога натпреварот бил и прекинат. За среќа од редовите на Јунајтед подоцна соопштија дека Коне се осветил и се наоѓа во стабилна состојба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×