Хорор повреда: Фудбалер се заби во рекламите покрај теренот и можеби ја заврши криерата (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот од Того, Самуел Асамоа кој има 31 година се наоѓа во критична состојба и неговата кариера е под знак прашалник откако се здоби со тешка повреда во натпреварот од втората кинеска лига помеѓу Гунгџи Пинго и Чонгинг Тонглианглог.

Несреќниот Асамоа по еден дуел со противнички фудбалер се заби во рекламите покрај теренот и во нив удри директно со глава по што падна на теренот.

Докторите брзо реагираа и беше објавено дека фудбалерот се здобил со повеќе скршеници на вратот и засега не е познато кога, но и дали воопшто би можел да продолжи со играњето фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×