Холивудскo деби на Ибрахимовиќ во САД, магичен гол и неверојатен пресврт за победа! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лос Анџелес Галакси со 4-3 го победи Лос Анџелес иако гостите имаат водство од 3-0, најзаслужен за пресвртот беше Златан Ибрахимовиќ кој ги одигра последните 20 минути од натпреварот кои беа први за него во МЛС.

Со два гола на Карлос Вела во првото полувреме Лос Анџелес имаше водство од 2-0, а прзо по стартот во првото полувреме Галакси си постигна и автогол за огромна предност на гостите од 3-0.

Со гол на Летгет во 61. минута Галакси намали на 3-1, а десет минути подоцна во игра влезе Златан Ибрахимовиќ и шоуто почна.

Две минути по неговото влегување Галакси преку Понтиус намалија на 3-2, а во 77. минута Ибрахимовиќ постигна гол со лоб од огромна далечина за израмнување на 3-3.

Во 91. минута по асистенција од Ешли Кол, Ибрахимовиќ со глава го постигнува својот втор гол на мечот кој значи победа од 4-3 за неговиот тим по еден неверојатен пресврт.

Головите на Ибрахимовиќ:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×