Возбудлив меч во
Амстердам, Холандија се врати од два гола негатива но нaивно прими гол во 90.
минута и остана со празни раце.
Германија беше
подобар противник во првиот дел и со погодоците на Сане во 15. минута и на
Гнабри во 34. минута, на пауза замина со позитива од 0-2.
Сепак, „лалињата“
на стартот од вториот дел реализираа преку Де Лихт за 1-2, а потоа следуваше
нов гол за домаќините, Депај во 63. минута изедначи на 2-2.
Но „панцерите“
беа тие кои се радуваа на крајот. Во последните мигови од мечот, една лоша
офсајд стапица го исфрли Ројс во фор, а потоа целата одбрана на Холандија
заборави на Шулц кој остана осамен на 11 метри и прецизно биеше крај деснатата
статива за 2-3.