Холандија промашуваше, па ја наполни мрежата на Канада (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Депај

Холандија ја победи Канада на стартот од подготовките за Европското првенство, „лалињата“ славеа со убедливи 4-0.

Избраниците на Роналд Куман со триумф на првиот тест пред ЕВРО 2024, во Ротердам ја совладаа Канада.

Фудбалерите на Холандија пропуштија неколку шанси во првото полувреме, па ја наполнија мрежата во продолжението од мечот.

Депај го отвори резултатот по пет минути игра во второто полувреме, а потоа Фримпонг со својот гол првенец во репрезентацијата донесе 2-0 во 57. минута.

Вегхорст влезе од клупата и веднаш зголеми на 3-0 во 63. минута од мечот, а конечниот резултат го постави Ван Дајк со гол во 83. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани