Холандија преку САД до четвртфиналето на Светското првенство (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Холанѓаните рано го отворија мечот и можеби тоа им помогна да бидат под контрола на овој натпревар во најголемиот негов дел.

Течеше 10. минута кога по асистенција од Думфрис, Мемфис Депај постигна гол за водство на Холандија од 1-0.

Пред самиот крај на првото полувреме нова асистенција на Думфрис, овојпат постигна гол Блинд и зголеми на 2-0.

САД успеа да се врати во мечот, во 76. минута Рајт постигна чуден гол и намали на 2-1.

Но Холандија брзо ја врати предноста од два разлика, овојпат Блинд му ја врати асистенцијата на Думфрис кој постигна гол за конечни 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани