Холандија на колена во Софија, „Лалињата“ под закана да пропуштат ново големо натпреварување (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Нов шок за Холандија,
избраницаите на Дани Блинд вечерва загубија на гостувањето во Софија.

Спас Делев најави
големо изненадување веќе во 5. минута, а истиот играч погоди уште еднаш во 20.
минута за 2-0 и големи три бода за Бугарија.

Европскиот
шампион Португалија без многу проблеми ја совлада Унгарија.

Андре Силва го
отвори резултатот во 32. минута, а само неколку минути подоцна Роналдо погоди
за 2-0.

Во 65. минута од
средбата ЦР7 ги постави конечните 3-0.

Франција прокнижи
нови три бода откако со 1-3 славеше на гостувањето во Луксембург.

Жиру донесе водство од 0-1 во 28. минута, но Жоаким од пенал изедначи на 1-1 во
34. минута.

Гризман потоа со
удар од белата точка ги врати „Триколорите“ во предост а Жиру со вториот
погодок во 77. минута ги реши сите дилеми околу победникот.

Резултати
квалификации за СП 2018:

Група А

Шведска – Белорусија 4:0
Бугарија – Холандија 2:0
Луксембург – Франција 1:3

Група Б

Швајцарија – Летонија 1:0
Андора – Фарски Острови 0:0
Португалија – Унгарија 3:0

Група Х

БиХ – Гибралтар 5:0
Кипар – Естонија 0:0
Белгија – Грција 1:1

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани