Холандија може да биде среќна што не загуби од Еквадор (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Холандија со победа ќе го завереше пласманот во осминафиналето на коло пред крајот, но Холанѓаните имаа разочарувачки натпревар против Еквадор, а почнаа добро.

Гакпо со одличен шут уште во шестата минута донесе водство за Холандија од 1-0. Тоа беше негов втор погодок на Мундијалот.

Но се покажа дека тоа беше се што направи Холандија на овој натпревар. Потоа почна да доминацијата на Еквадор.

Тие постигнаа гол во судиското продолжение од првото полувреме, но погодокот беше поништен поради офсајд, еден играч на Еквадор стоеше пред голманот.

Во четвртата минута од второто полувреме Енер Валенсија постигна гол за израмнување на 1-1. Тоа беше негов трет погодок на Светското првенство.

Еквадор продолжи да напаѓа, да брка победа, создаваше шанси, ја погодија и пречката, но не успеаа да постигнат и втор погодок.

Колку за споредба, Еквадор на овој меч имаше 14 шутеви од кои четири во голот, Холандија имаше два шута, од нив само еден во голот, тој на Гакпо. Еквадорците изведоа пет корнери, Холанѓаните само два.

По два одиграни натпревари во оваа група, Холандија и Еквадор имаат по четири бода и идентична гол разлика, Сенегал е трет со три бода, Катар нема бодови.

Во последното коло Холандија игра со Катар, Еквадор со Сенегал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани