Холандија и Сенегал се пласираа во осминафиналето од Светското првенство (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Холандија ја оправда улогата на фаворит и лесно со 2-0 го совлада домаќинот Катар кој по третпат загуби на Светското првенство.

Резултатот го отвори Коди Гакпо во 26. минута, за него ова беше трет гол на Светското првенство, на секој меч постигнува по еден.

По четири минути игра во вториот дел Френки де Јонг реализираше за конечни 2-0.

Многу понеизвесно беше на мечот меѓу Еквадор и Сенегал, Сенегалците мораа да победат, а на Еквадорците им одговараше и реми.

Почетниот резултат беше актуелен до 44. минута кога Сар од пенал реализираше за водство на Сенегал од 1-0.

Во 67. минута Каиседо го изедначи резултатот на 1-1, но само три минути подоцна Кулибали постигна гол и го врати водството на Сенегал, сега беше 2-1, а тоа остана и конечен резултат.

Холандија со седум бода го освои првото место, Сенегал е втор со шест, испаднаа Еквадор кој со четири бода е трет, и Катар е последен без бодови.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани