Во пресрет на дербито помеѓу Милан и Наполи, Расмус Хојлунд вели дека во Серија А само тројца напаѓачи се подобри од него – Ромелу Лукаку, Душан Влаховиќ и Лаутаро Мартинез.
Расмус Хојлунд летото во 2023 направи трансфер во Манчестер јунајтед вреден преку 80 милиони евра, но не се снајде на Олд Трафорд, па минатиот месец се врати во Калчото и пристигна на позајмица во Наполи.
Во пресрет на дербито против Милан, Данецот покажа дека пука од самодоверба.
„Во целиот свет, најдобри според мене се Роналдо, Халанд, Левандовски и Ѓокереш“ – вели Хојлунд.
„Што се однесува до Серија А, би рекол Лукаку, Влаховиќ и Лаутаро Мартинез. Потоа сум јас, Расмус“.
Изминатово лето, тој се поврзуваше и со трансфер во Милан, па пред натпреварот на Сан Сиро беше запрашан колку бил блиску до „росонерите“.
„Можам да кажам само дека сум среќен во Наполи и ништо повеќе“.