Хојлунд објасни зошто пред Роналдо прослави како Португалецот: Не сакав да го навредам, тој е… (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Данска со 1-0 ја победи Португалија, а единствениот гол на мечот го постигна напаѓачот на Јунајтед, Расмус Хојлунд кој прослави како Кристијано Роналдо и тоа пред него.

Ваквата прослава на Хојлунд многумина ја протолкуваа како провокација кон Роналдо, но Данецот по мечот објасни дека тоа не е така.

„Не сакав да провоцирам никого, секогаш велев дека Кристијано има големо внимание врз мојата фудбалска кариера. Неверојатно е тоа што успеав да постигнам гол против него. Во 2009 година видов како погодува од слободен удар и оттогаш сум негов фан“, рече Хојлунд по натпреварот.

Дека навистина е така, Данецот во едно претходно интервју исто така ја искажа големата почит која ја има кон Роналдо.

„Кристијано ми е се. Се заљубив во фудбалот поради Кристијано, станав фан на Јунајтед поради Кристијано, почнав со самостојни тренинзи поради Кристијано, почнав да правам склекови и стомачни секој ден пред да легнам во кревет поради Кристијано, бидејќи сакав да бидам Кристијано“, рече тогаш Хојлунд.

На интернет има и фотографии како Хојлунд како мал носи дрес од Манчестер јунајтед со името на Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани