Хоџсон не крие дека е можно одредени фудбалери да одбијат да играат

by
1 минути читање

Доста превирања
се случуваа на Островот по повод т.н. „Проект Рестарт“ со кој се разгледуваат
сите можни комбинаторики за како да се комплетира актуелната сезона,
фудбалерите најпрво се противеа на кратењето плати, за потоа да одбиваат да се
вратат на тренинзите, јавно порачувајќи дека се загрижени за своето здравје
поради пандемијата од Ковид-19.

Како и да е,
шефот на стручниот штаб на Кристал Палас, Рој Хоџсон не крие дека се сомнева
дека би ги имал сите фудбалери на располагање веднаш штом се вратат фудбалските
возбудувања на Островот.

Тоа би било
одлука на индивидуа и на клубот, јас лично ќе се придржувам до сите правила на
игра кои ќе ги постави клубот, ќе ги почитувам истите
“ вели Хоџсон за „беИН
Спортс“.

Јас би бил многу
изненаден, познавајќи го клубот како функционира, како и првиот човек Стив
Периш, да тој бурно реагира на некој фудбалер кој би изразил загриженост да се
врати на натпреварите
“ додава тој.

Сигурен сум дека
клубот брзо би решил таква ситуација, но тоа би било вон моите раце, не би имал
никаков проблем со тоа
“ заклучи предводникот од клупата на Кристал Палас.

Кога сме веќе кај
Хоџсон, постоеа одредени шпекулации низ медиумите дека 72 годишниот тренер би
можел да го отстапи своето место по враќањето на натпреварите, за што се верува
дека би бил приморан да продолжи со самоизолацијата, најмногу поради неговите
години, но запрашан во интервјуто дали би бил подготвен да се врати, тој
одговори потврдно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×