Хитот од Премиер лигата не се шегува: Доведе напаѓач кој минатата сезона постигна 18 гола

by Стефан
1 минути читање

Mинатата сезона Нотингем форест беше едно од пријатните изненадувања во Премиер лигата, а сега во финишот од преодниот рок овој клуб доведе ново засилување.

Станува збор за напаѓачот Арнаулд Калимуендо за кого платија 31.5 милион евра. Калимуендо има 23 години и зад себе одлична сезона во Лига 1 каде што на 34 натпревари постигна 18 голови.

Со екипата на Нотингем тој стави потпис на петгодишен договор и ќе остане дел од тимот до 2030 година верувајќи дека ќе биде одличен партнер во нападот на искусниот Крис Вуд кој одлично ја започна и оваа сезона постигнувајќи два гола во натпреварот од првото коло.

Калимуендо е кариерата ја започна во младинскиот погон на ПСЖ од каде што се пресели на позајмица во Ленс и во овој клуб се задржа две години, по што Рен одлучи да го откупи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×