Кристал Палас во изминатите сезони се изгради како стабилен премиерлигаш, а сè беше заокружено со освојувањето на ФА Купот минатата сезона. Лондонскиот клуб игра препознатлив и цврст фудбал под водство на Оливер Гласнер, меѓутоа се појавуваат информации дека соработката би можела наскоро да заврши.
Австрискиот стратег има договор кој истекува на крајот од сезоната и засега не изгледа дека ќе дојде до негово продолжување, и покрај добрите резултати и стабилноста што ја донесе во тимот.
Токму поради тоа, раководството на Кристал Палас веќе разгледува потенцијални замени. Според медиумите, како прв кандидат се издвојува тренерот на Хетафе, Хосе Бордалас. Тој зад себе има богато искуство во шпанскиот фудбал, а најдолг период работеше токму во Хетафе. Ова му е втор мандат во клубот од предградието на Мадрид. Првиот траеше пет години, додека актуелниот влезе во својата трета сезона.
Во меѓувреме, се наведува и дека Гласнер е под будното око на Челси и не е исклучено во иднина да биде еден од кандидатите за наследник на Енцо Мареска, доколку дојде до промени на клупата на „сините“.