HITC: Ова му недостига на Лидс од Ласога, извонреден пас на Алиоски и импресивна завршница на Пандев

by
3 минути читање

Најдобрата македонска
фудбалска репрезентација со триумф од 2-0 над Норвешка во контролен меч во
Скопје ја финишираше оваа календарска година, а медиумите на Островот го
коментираа настапот на Езгјан Алиоски, членот на англискиот Чемпионшиплигаш
Лидс.

Популарниот „Џани“
одигра одличен натпревар, а тоа не остана незабележано на Островот, па така тие
ја издвоија неговата асистенција во водечкиот гол постигнат од Пандев, а
асистенцијата беше мајсторија на мал простор.


Како и да е, тие фанови
на Лидс кои го гледаа изданието на Алиоски за својата земја против Норвешка
може се изненадени од перформансите на нивниот фудбалер, испорачувајќи одличен
пас во голот на Пандев во 43. Минута, тој момент е најдобар показател за тоа
како да се извлече најдоброто од играчот
пишува „
HITC“ во својата анализа, претходно говорејќи дека од изданието против Нотингем Форест (каде го постигна голот на месецот во Чемпионшиплигата), неговите изданија потоа биле скромни.

Истиот медиум додава
дека импресивниот потег на Пандев во реализацијата било токму тоа што му е
потребно на Лидс во позајмениот германски интернационалец Пјер-Мишел Лазога.

За Лидс ќе издвоиме дека
е во голема резултатска криза, по одличниот старт на новата сезона, тимот од „Еланд
Роуд“ никако да му тргне во последниов период, па со 23 бода падна на десетото
место на табелата по 16 одиграни кола, а притисокот врз Томас Кристиансен и
неговите избраници е се
поголем.

Нашиот 25 годишен репрезентативец
во 14 настапи постигна два гола, од кои едниот беше прогласен за гол на месецот
во Чемпионшиплигата.

 

Фото-вест: Фудбалска Репрезентација на Македонија (Facebook)

Извор: hitc.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани