Хит сцена во Италија: Навивач ја погоди шифрата на стадионот и влезе на стадионот на Аталанта (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Аталанта игра во одлична форма во Серија А и тоа го потврди и со убедливата победа од 4:0 над Парма на својот стадион „Њу Баланс Арена“. Сепак, и покрај добрите резултати на теренот, клубот од Бергамо се соочи со непријатна ситуација која би можела да отвори сериозни прашања околу безбедносните протоколи.

Имено, еден англиски навивач успеал на целосно необичен начин неовластено да влезе на стадионот, а целиот настан го снимил и го објавил на „ТикТок“.

Видеото, кое во неделата го објави корисникот со име „Stanley_2110“, брзо стана вирално и прикажува како без никакви пречки влегува на стадион со капацитет од 23.439 гледачи.

Најинтересниот дел од приказната е начинот на кој го извел тоа. Навивачот се приближил до влезот наменет за клупскиот автобус и на безбедносната тастатура се обидел да ја погоди шифрата. Се одлучил за годината на основање на клубот – 1907. На негово изненадување, портата веднаш се отворила и му овозможила влез на стадионот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×