Хит сцена: Го пренесуваше дебаклот на Македонија, а се радуваше за Косово (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Косово приреди вистински спектакл и со победата од 4:3 против Словачка обезбеди пласман во финалето на баражот, каде што ќе се соочи со Турција на домашен терен во Приштина.

Натпреварот донесе огромна радост кај навивачите, а во центарот на вниманието се најде и коментаторот Енгел Бербатовчи, кој ја пренесуваше средбата на нашата репрезентација против Данска во Копенхаген, каде што Македонија претрпе пораз од 4:0.

Иако беше ангажиран со тој натпревар, Бербатовчи будно ги следеше случувањата во Братислава, не криејќи ја својата возбуда и радост за големата победа на Косово.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×