Стратегот на Барселона, Хаси Флик денеска се појави на прес-конференцијата пред гостувањето кај Атлетико Мадрид во полуфиналето од Копа дел Реј.
Каталонците во четврток од 21:00 часот ќе го играат полуфиналето, а Флик пред овој дуел е оптимист.
Сепак, Германецот е внимателен посебно поради тоа што Рафиња и Рашфорд имаат лесни повреди, па ќе мораат да го пропуштат овој дуел.
„Маркус нема да може да настапи на утрешниот натпреар. Доби удар во коленото и не сакаме да ризикуваме посериозна повреда. Ова не е добра вест за нас, но без оглед на тоа верувам во екипата. Мораме да одиме чекор по чекор, ситуацијата е таква каква што е, па мормае да се грижиме за него бидејќи тој е играч кој дава се од себе и игра со висок интезитет. Рафиња чувствува болка во мускулот и тоа е нормално бидејќи како професионалец мораш да се грижиш за своето тело, тоа е најважно“, истакна Флик.
Најголемо внимание од настапот на Флик привлече неговиот одговор на констатацјата дека Купот се омаловажува поради учество на тимови од втора и трета лига.
„Прашајте го Реал Мадрид што мисли за тоа“, порача Флик со насмевка алудирајќи елиминацијата на Реал Мадрид од второлигашот Албасете кого тие го елиминираа во четвртфиналето.
Натпреварот помеѓу Атлетико и Барселона на програмата в четврток од 21:00 часот.