Hisense инвертер експерт: Здрав и свеж воздух наспроти жешкото лето

by riste
4 минути читање

Ако сакате да постигнете совршена температура дома или во вашиот стан, но во исто време да бидете сигурни дека воздухот што го дишете е чист, свеж и без вируси, тогаш Hisense инвертер експерт е вашиот логичен партнер!

Во лето, особено за време на FIFA CWC 2025™, е потребно да се одржува температурата и да се дише свеж и чист воздух, бидејќи поради топлината (која веќе пристигна), ги отвораме прозорците поретко и се трудиме да ја одржиме температурата ниска што е можно подолго. Квалитетниот инвертер систем ќе се прилагоди на температурните флуктуации што можат да се појават кога прозорците се отвораат одеднаш. Покрај сигурното ладење во лето и греењето во зима, Hisense инвертер ескперт клима уредот ќе ја намали потрошувачката на електрична енергија. Наместо да го вклучува и исклучува компресорот секој пат кога термометарот ќе ја надмине посакуваната вредност, уредот ја менува работната моќност – малку зголемувајќи ја или намалувајќи ја брзината, заштедувајќи енергија и спречувајќи ненадејни скокови во потрошувачката. Ова обезбедува униформност на климатизацијата и ја намалува потрошувачката, а просторот останува пријатен без ненадејни промени на температурата.

Иновативниот Hisense DC инвертер компресор, срцето на Hisense инвертер клима уредите, го воведува апаратот во сосема нов режим на работа. Инвертер системот работи како сигурен сојузник: од првиот момент, па сè до моментот кога ќе го исклучите уредот, тој ја испушта само потребната енергија. Резултатот е A+++ енергетска класа, што значи дека вашата сметка за електрична енергија ќе биде помала дури и во деновите кога клима уредот работи непрекинато. На температури над 30°C или под 0, кога секој киловат е важен за вас, ова решение обезбедува рамномерно ладење или греење – без вишок и без дефицит.

Паметна контрола и лесно одржување

Дали некогаш било полесно да се контролира клима уредот кога сте далеку од дома? Вградениот Wi-Fi модул и ConnectLife апликацијата овозможуваат далечинско вклучување, менување на режимот на работа, поставување на температурата или тајмерот. Додека возите од канцеларијата до вашиот дом, можете да го вклучите ладењето или греењето, така што ќе ве пречека пријатна атмосфера, без залудно трошење електрична енергија.

Филтрите со индикатор за заситеност испраќаат известување кога им е потребно внимание и замена. Едноставно извлечете ги, исплакнете ги под млаз вода и вратете ги на место. Ова не само што го продолжува животниот век на уредот, туку и го одржува квалитетот и свежината на воздухот во просторијата.

Мултифункционална удобност и тивко работење

Hi-Nano технологијата може ефикасно да ги отстрани вирусите и бактериите, вклучувајќи го и коронавирусот (COVID-19) со ослободување на јони со висока концентрација, создавајќи здрава средина и заштитувајќи го вашето здравје. Здравите јони со висока концентрација исто така можат ефикасно да ја отстранат прашината од воздухот. Вградениот ХЕПА филтер може ефикасно да ги прочисти големите честички, PM2.5 и поленот, осигурувајќи дека новиот воздух што доаѓа однадвор е чист. Ефикасноста на филтрација за PM2.5 достигнува 97,5%.

Покрај стандардното ладење и греење, некои од Hisense инвертер клима уреди овозможуваат и сушење на воздухот (dry mode) без драстично намалување на температурата. Идеален е за влажни простори каде што сакате да избегнете чувство на студ додека отстранувате вишок влага.

Ноќниот режим нежно ја зголемува температурата за еден степен на секој час, а вентилаторот работи тивко, на ниво под 20 dB – како звукот на лисјата на ветерот. Кога термометарот надвор покажува до -20°C, клима уредот сè уште испорачува до 7 kW грејна моќност, без потреба од дополнителна потрошувачка на електрична енергија. Друга интересна и корисна опција е автоматско рестартирање по враќањето на енергијата, што ја елиминира грижата за ресетирање на уредот.

И не заборавајте, кога ќе почнете да ја чувствувате жешката атмосфера од стадионот за време на FIFA CWC 2025™ – време е за ладење! Како горд спонзор, Hisense нуди клима уреди за совршен комфор по специјални цени за време на следење на FIFA CWC 2025™. Промотивните цени и 5 годишната гаранција на компресорот на Hisense клима уредите важат од 15.06.2025. до 15.07.2025 година.

Повеќе информации ве очекуваат на веб-страницата на Hisense.

#

За Hisense
Hisense е еден од водечките светски брендови на потрошувачка електроника и апарати за домаќинство. Портфолиото на компанијата комбинира мултимедијални уреди со фокус на паметни телевизори, апарати за домаќинство и интелигентни ИТ решенија. Hisense работи во повеќе од 160 земји низ светот и постигнува исклучително динамичен раст во индустријата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×