619
Милан во зимскиот преоден рок ги израдува навивачите и го купи Сантиаго Хименез од редовите на Феенорд за околу 30 милиони евра. Во Мексиканецот „росонерите“ гледаа спас за нападот, а по добриот старт во клубот има благ пад.
На оваа тема зборуваше легендата на Милан, Алесандро Костакурта кој вели дека има видлива промена кај мексиканскиот напаѓач.
„Кога пристигна беше одушевен, постоеше адреналин кај него поради промената на тимот. Сепак, тој како да избледе заедно со Милан, исто како и останатите. Хименез е често надвор од играта на „росонерите“, се чини отсутен од сите акции“, изјави Костакурта.
Хименез досега од доаѓањето во Милан одигра десет натпревари, постигна три гола и подели две асистенции.